Ваква е сликата во центарот на градот, место кое е појдовна точка и на битолчани и на многу странски и домашни туристи кои ја посетуваат Битола.
Ова е глетката пред заштитениот споменик од прва категорија.
Во април 2021 година беше кажана потребата за нивната заштита, реставрацијата, конзервацијата, дека таа е значајна и од аспект на зголемување на потенцијалот за развој на туризмот.
Зелените завеи се тргнаа и се ставија стаклениците, и сега имаме заштитени архелошки ископини кои се дел од нашето култѕурно наследство, но обраснати со бујна вегетација. Тоа може да се забележи од секој кој тука ќе застане, како и од туристите кои го посетуваат овој дел.
До стаклените археолошки наоди има друг отводен дел, некогаш исто така ограден со зелено платно, кое сега е искинато, а внатре отпадоци.












