ТЕРА

REKLAMA???

И ВО НАРЕДНИТЕ ГОДИНИ, МАКРОН ЌЕ ЈА ВОДИ ФРАНЦИЈА

Емануел Макрон, со звуците на европската химна „Ода на радоста“, старо-новиот претседател,  пристигна под Ајфеловата кула, придружуван од неговата сопруга Брижит и децата, како симбол на неговата програма за новиот петгодишен мандат кој сака да биде во знакот на децата, јави дописникот на МИА.

На почетокот од неговото обраќање од пред Ајфеловата кула на Полињата на Марс, симболично избрано место со универзалноста на Ајфеловата кула како декорација за новоизбраниот претседател, место кое му беше одбиено во 2017 година, тој им се заблагодари на сите ние кои гласаа за него.

„Ви благодариме, драги пријатели!, рече Макрон. -Сакам да им се заблагодарам на сите активисти, волонтери, сопатници и избрани функционери кои ме придружуваа од самиот почеток. Знам дека сите работевте напорно. Вистината доаѓа со чукање во срцето, а јас знам што ви должам. Сакам да им се заблагодарам на сите Французинки и Французи кои ми ја дадоа довербата за да го реализираме нашиот проект за понезависна, посилна Франција, да се осигураме дека проектите ќе се реализираат и да ја направиме Франција голема еколошка нација“ рече и тој.

Макрон притоа нагласи дека тој „не е повеќе кандидат на еден табор, туку претседател на сите Французи“.

„Знам и дека многу сонародници гласаа за мене, за да ги блокирам идеите на крајната десница. Сакам да им се заблагодарам и да им кажам дека сум свесен дека овој глас ме врзува за годините што доаѓаат. Јас сум чувар на нивната приврзаност кон Републиката. Мислам и на сите наши сонародници кои апстинираа, нивниот молк значеше одбивање да изберат, на што мора да одговориме ние, смета реизбраниот претседател.

Тројцата претседатели Џо Бајден (САД), Владимир Путин (Русија) и Володимир Зеленски (Украина) му честитаа на нивниот француски колега, Емануел Макрон, на вчерашниот реизбор за втор мандат на чело на Француската Република.

Изборот му го честитаа и други државници, меѓу нив и македонскиот претседател Стево Пендаровски и српскиот Александар Вучиќ.