ТЕРА

REKLAMA???

И ДЕНЕСКА СОНЧЕВО ВРЕМЕ И РЕЛАТИВНО ТОПЛО

Утрово -4 степени во Берово, -3 Скопје-Петровец, Тетово, Битола, Струмица, -2 Крива Паланка, Демир Капија, -1 Прилеп, Штип, Куманово, Велес, Маврови Анови, Лазарополе, 0 Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Претор, Дебар, Кавадарци, 3 Виница, Гевгелија, Попова Шапка, Крушево, 4 Дојран.

Во текот на ноќта времето беше ведро, наместа со слаб ветер од променлив правец. Утрово е сончево, по одделни котлини има појава на магла со намалена хоризонтална видливост до 50 метри.

Времето денеска сончево, претежно тивко и релативно топло. Претпладне по котлините ќе има појава на магла која во текот на денот ќе се намалува. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18 степени. Во Битола до 13 степени.