Утре наутро многу студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе дува слаб до умерен северен ветер, поизразен долж Повардарието.
Минималната температура ќе биде во интервал од -18 до -4, а максималната ќе достигне од -3 до 7 степени. Во Битола утринската до -18, а дневната до -3 степени.
И во среда времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни. Во четврток ќе има локални врнежи со слаб интензитет, а температурите во деновите потоа ќе бидат во постепен пораст. Ќе дува засилен северен ветер.












