Битола се уште има проблем со кучињата скитници. Има времено решение, а се чака и официјалното пуштање во употреба на прифатилиштетот. Дали општината ја доби согласноста и од Агенцијата за ветеринарство, нема информација, а беше кажано дека го испратиле.
На комисијата за животна средина, советникот од ПОДЕМ, Златко Лозановски праша каде граѓаните да пријават кучиња скитници.
Одговорот од општинската администрација беше дека тоа треба да го прават во општината, но немаше одговор како тоа да го прават кога општината има работно време, а нема телефон за пријавување.











