ТЕРА

REKLAMA???

КАКО ЌЕ СЕ РАЗВИВА ТУРИЗМОТ НА ПЕЛИСТЕР?

Како ќе се развива туризмот на Пелистер и во потпелистерието, ако се има проблеми со инфраструктурата. Се работи на патот кон Националниот парк „Пелистер“, а за изведувањето на работите кажа Коњановски за надлежноста на Министерството за транспорт и врски и на Општина Битола. Инаку патот за време на последните обилни врнежи од снег правеше проблем за непречено движење.

На прес конференцијата беше речено дека Министерството за транспорт доцна почнало со реконструкцијата, некаде во октомври месец. Беше пренесено и дека Министерството оваа недела ќе ги асфалтираат прекопите за да немало проблем туристите да одат нагоре.

Коњановски зборуваше и за тоа до каде е новиот мост кај Довлеџик.

Осврнувајќи се на соработката со Министерството за транспорт и врски, го спомена и случајот со населбата Недопирливи. Минатата недела од транспорт и врски рекоа дека завршувањето на обврските од страна на Општината е услов за Министерството ги започне градежните активности за реконструкција на улиците во населба Недопирливи предвидени во проектот.

До минатата недела до Министерството за транспорт и врски не била пристигната потврда од општина Битола дека градежните активности на улиците во населба Недопирливи се комплетно и квалитетно завршени, оттаму, активностите до овој момент не се по насока на Министерството за транспорт и врски.

Коњановски на пресот рече и дека  Општина Битола е препознаена дури и на централно ниво, колку и да не сакаат тоа да го кажат официјално и во делот на собирање на даноци,  и во делот на транспарентност, секаде сме буквално на врвот вели тој, а за активностите и за инвестициите не сакал да зборува оти тоа го зборувале фактите.