Кандидатите за пратеници од Битола од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата заедно со градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, на средба со митрополитот Петар.
„Благодарност за благословот, мудрите зборови, благодарност за Божјата закрила до Митрополит Преспанско-пелагониски и администратор Австралиски и Новозеландски г. Петар. Благодарност за поддршката и до викарниот архиереј на Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ-ОА, Никола.
На Македонија сега и е најпотребно застапништво пред Бога. Најпотребно е сенародно обединување околу државните и националните интереси на Македонија, чиј најдобар и најверен реализатор и бранител е токму професорката Гордана Силјановска-Давкова“ стои во објавата на фејзбук страницата на битолската ВМРО ДПМНЕ.












