ТЕРА

REKLAMA???

КОВАЧЕВСКИ: ЈАС СУМ ПОДГОТВЕН ДЕН И НОЌ ДА РАБОТАМ ЗА РЕФОРМИТЕ ДА ГИ НАПРАВИМЕ

„Сакам на граѓаните да им се обратам. Прво, на денешнава дебата се виде разликата која се нуди на изборите. Тоа е една јасна визија и план за европска иднина која јас ја застапувам и коалицијата за европска Македонија и претседателскиот кандидат Стево Пендаровски. Една нејасна визија која на крај ќе заврши со изолација каква што сме виделе во текот на една декада во државата предводена од ВМРО – ДПМНЕ и нивниот претседателски кандидат Гордана Силјановска,“ рече претседателот на СДСМ и носител на листа во ИЕ 1, Димитар Ковачевски на дуелот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на Канал 5 Телевизија.

Претседателот на СДСМ истакна дека патот кон финалното членство во ЕУ не е лесен, дека тој пат е тежок пат, пат по кој ќе има многу работа, пат по кој ќе треба да се прават многу реформи.

„Меѓутоа јас лично сум подготвен ден и ноќ да работам тие реформи да ги направиме, да овозможиме на нашата држава да стане земја членка на ЕУ, не само заради членство туку заради повисока економска благосостојба, подобро здравство, подобро образование, подобри услуги за граѓаните подобро владеење на правото и поголема борба против коруцпијата. Тоа нашите граѓаните го сакаат, го заслужуваат и тоа е она што јас, СДСМ коалицијата за европска иднина и претседателот Пендаровски ќе го направиме за нашите граѓаните,“ порача Ковачевски.