Информацијата дека јавниот превоз во Белград ќе биде бесплатен силно одекна на вечно сиромашниот балкан. најпрвин сите го пофалија, а потоа почнаа пресметките. според цифрите бесплатниот превоз ќе ги чини белграѓанни 10 милиони евра повеќе од лани.
Празничната честитка од Александар Шапшиќ, градоначалник на Белрад вели од 1 јануари 2025 година јавниот градски автобуски превоз што го спроведува јавното претпријатие за превоз ќе биде бесплатен за сите.
Балканците се удрија на споредба – нашиот и нивниот јавен градски превоз, а новинарите и медиумите на пресметка.
Би- Би- Си на Српски ја започнува приказната со слика за луѓе кои чекаат на автобуска станица и воопшто не се грижат дали од следната година ќе се патува бесплатно, затоа што не плаќаат карта.
Потоа анализира дека градското сообраќајно претпријатие ГСП Белград со години било проблематично и шворц – вечно во долг, постојано без соодветни возачи и со сиромашна наплата на карти, од каде според концептот јавно претпријатите требало да си ги покрива трошоците.
Новата одлука ќе го реши пробемот на „шверц“ во автобус, пишува белградски НИН, ама во основата на одлуката е фактот што никој не купувал карта. Или, „градот субвенционирал 70-80% од парите кои требало да бидат наплатени преку автобуските карти. Тоа, пишува НИН во пари значи 280 милиони евра во 2022 година, што пак било само една петтина од вкупниот буџет на ГСП Белград. Градоначалникот на седницата на Советот на Белград објаснал дека од околу 800.000 патници, само 180,000 плаќа автобуска карта, пренесува Би-Би-Си.
Уште за еден момент пишуваат српските медиуми – прибирањето на средства од наплатените карти станало главен политички проблем, па системот што месечно успевал да наплати по 4 милиони евра, овој градоначалник го укинал , формирал јавно претпријатие наречено јавно претпријатие за наплата на превозните услуги на Белград. Од декември 2022 година досега во претпријатието се вработиле 111 луѓе, во текот на 2023 година направиле обрт од 432.075.000 динари или нешто повеќе од 3,5 милиони евра. Ниту колку што претходно се собирале пари на месечно ниво. Освен ова и назначувањето на контролорите станало главен политички проблем – се промениле неколку фирми, се дале пари за информирање на граѓаните кој легално може да ги казни, затоа што се појавиле и униформирани лажни контролори.
Белградскиот јавен превоз, објавува телевизија Н1 има 1.200 превозни средства и тоа автобуси, тролејбуси и трамваи. Работеле по возен ред направен пред 30 години, а сега се во очекување на метро, кое, наместо во 2028 година ќе било готово во 2030.
А трошоците на претпријатието се поврзани со плати, одржување на транспортните возила, договори со банки, телекомуникациски компании, добавувачи од различен вид , пари кои се пресметуваат се по 30тина милиони евра, како сумата што ја има во договорот за одржување на инфо таблите на постојките – пишува Н1.
Во текот на годината што изминува, градот заради ГСП го направил третиот ребаланс, па им субвенционирале уште 1,8 милијарди динари , а со тоа до среде 2024 претпријатието добило 3 милијарди динари , што води до проценката дека годишно на претпријатието му требаат најмалку 25 милиони евра.
Или бесплатниот превоз сега ќе го плаќаат сите белграѓани, како и досега, само сега, според зборовите на градоначалникот, ќе ги чини 10 милиони евра повеќе.
Извор: bbc, N1, НИН











