ТЕРА

REKLAMA???

КОНЦЕРТ НА МЕРСИХА ШУКРИ ВО РАМКИТЕ НА ИНТЕРФЕСТ

Програмата на Интерфест продолжи со рециталот на Мерсиха Шукри во Офицерскиот дом во Битола. Таа е соло-харфист на Македонската филхармонија. Своето високо образование го стекнува на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на проф. Лејла Урманова (Русија) како прв дипломиран харфист во Македонија, а магистерски студии завршува во Белград, Србија, во класите на проф. Милица Бариќ и проф. Лилјана Несторовска.

Мерсиха се има запознаено со харфата на 15-годишна возраст.

Се усовшувала кај светски познати харфисти, меѓу кои:Catherine Michel, Elizabeth Binoche, Jana Boshkova, Anna Levina, Ion Ivan –Roncea, Monika Stadler, Susanna Mildonian, Patricia Tasini, Catrin Finch, Sirin Pancaroglu, Fabrice Pierre, Natalia Shamayeva, Mariele Nordman и Isabelle Moretti.

Како харфист има бројни солистички концерти на „Скопско лето“, „Хераклејски вечери“, „Денови на франкофонијата“, „Битолско лето“, „Есенски музички свечености“. 

Настапувала како солист со Мандолинскиот оркестар „Скопје“ и со гудачкиот ансамбл „Арко“. Концертирала и надвор од Македонија, во Србија, Словенија, Косово, Франција, Унгарија, Холандија, Израел, Хрватска и Турција.

Влезена е во Гинисовата книга на рекорди како дел од најголемиот и најдолг оркестар од харфи, на 10. светски конгрес одржан во Амстердам. За тоа вели: „Ми беше предизвик да бидам дел од најголемиот оркестар од 500 харфи“. Како почесен гостин, следната година учествуваше во Израел на најголемиот натпревар за харфа. Во 2014 година ја имаше честа да одржи концерт на Вториот интернационален фестивал на харфа во Загреб, токму на празникот 24 мај „Св. Кирил и Методиј“, со дела на македонски автори. Член е на светската асоцијација на харфисти и коресподент за Македонија .

На концертот во Битола изведе дела од Дуранд, , Коранд и други. Има издадено цеде – „Звуците на харфата“, кое е и прво издание со музика за соло-харфа во Македонија, а има аудио и видеоснимки за МРТВ.

„Посебно сум горда што сум член на најстариот симфониски оркестар во Македонија. Од формирањето на Македонската филхармонија, огромна чест и привилегија е да се биде првиот македонски харфист кој работи во оваа институција. Ја сакам мојата работа, која постојано ме инспирира, радува и учи нови работи за музиката и комуникацијата со луѓето. Ја сакам енергијата на сцената која ја делам заедно со моите драги колеги, врвни солисти и диригенти. Ме исполнува хуманоста искажана преку моето свирење за ситедечиња со посебни потреби“, вели Мерсиха.