Собранието со 88 гласа „за“ и 22 „против“ ги донесе измените и дополнувањата на Законот за организација и работа на органите на државната управа, со што се создаваат услови за формирање на нова влада која треба да биде предводена од мандатарот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
На седницата на Собрание која траеше неколку час по полноќ, обраќање имаше и пратеничката од СДСМ, Бисера Костдиновска-Стојчевска која рече дека со поддршка на очигледно за почеток коалициски партнер во сенка на ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, наместо ефикасна и логична реорганизација на државната управа, добивме нивни ефикасен и логичен политички пазар и обезбедување на ветените партиски вработувања за партнерите на Мицкоски.
„Граѓаните чекаат исполнување на предизборните ветувања на ВМРО-ДПМНЕ за намалување на администрацијата, новиот мандатар реши уште пред да почне неговиот мандат во итна и по скратена постапка да ги задоволи апетитите на коалициските партнери.
Во 2021 година изготвивме функционална анализа, поддржана од ЕУ, во која точно е наведено како треба да функционира и да е структуирано Министерството за култура.
Со новите измени на Законот за организација и работа на органите на државната управа, во член 26 не е наведена Управата за заштита на културно наследство како орган во состав на Министерството за култура, како што е случај со сите oстанати вакви управи. И веќе е јасно дека тука застанува грижата за културното наследство на Владата на ВМРО-ДПМНЕ.
Ама затоа страниците на законот ги исполнија со она што веќе го имаме сpаботено за промена, заштита и збогатување на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, Закон кој после 18 години го донесе претходниот парламентарен состав. Инспекторатот е веќе формиран и е потребно само назначување на директор, за да започне со работа, а во следниот период ќе ја има доста за постапување со оглед на тоа како спикерот Гаши го започна претседавањето со македонското Собрание.
Овие не се промени кои може да се направат преку ноќ. Со додавање на сектор туризам, при и понатаму постоечка Агенција за туризам, не се добива пофункционално Министерство за култура, туку враќање назад и некое ново Скопје 2014.
Повторно зборовите култура и пари ВМРО-ДПМНЕ ги става во иста реченица, а добро се сеќаваме и знаеме од нивното претходно владеење што значи тоа“ рече Коистадиновска-Стојчевска.











