ТЕРА

REKLAMA???

КОЊАНОВСКИ ГО ПОСЕТИ СТУДЕНТСКИОТ ПАРК КОЈ СЕ ПОДГОТВУВА

Студентите ќе добијат „Студенски парк“. Рекреативно-креативно катче каде што ќе можат да делуваат.  Локацијата е кај Факултетот за информатички и комуникациски технологии. На терен активностите започнаа, а идејата дошла од судентите.  

„Како универзитетско студенско собрание сакаме да поттикнеме, креативност, амбициозност и иницијатива кај студентите, да бидеме активни двигатели во општеството и оваа соработка да ја искористиме како подлога за натамошна соработка на Општината и нашиот Универзитет. Идејата произлезе по пат на селекција на идеи и предлози од страна на собранието и дојдовме на идеја дека студентите на УКЛО имаат потреба од простор за креативно делување, дружење и вмрежување на студентите“, рече Симона Наумовска, претседател на Универзитетско студенско собрание.

„Една наша првична средба со ректорот Коруновски и со младите студенти пред непол месец можеби, вроди со плод. Почнува реконструкцијата, обновата, веќе дел е исчистена оваа површина со помош на ЈП Комуналец кој ќе биде главен за сите овие активности. Идејата која потекнуваше од студентите да се оплемени оваа последна зелена оаза во комплексот на Касарната. Местотo ќе биде од интерес не само на студентите туку и на граѓаните, оплеменето и со урбана опрема и со содржини кои што студентите  ги бараат“, рече градоначалникот на Битола Тони Коњановски.   

Од сега во летниот период студентите ќе имаат можност да извршуваат практиканска работа во општината и јавните претпријатија од градот, најави градоначалникот Коњановски.

„Предвидуваме во летните месеци јуни, јули и авгист практиканство за околу 30-на студенти кои ќе извршуваат практична настава и ќе се запознаат со работата на локалната самоуправа и јавните претпријатија и ќе го надополнат можеби недостигот на вработени во летниот период. Тоа е добра школа и за нив, тоа е добро и за локалната самоуправа, можеби да ангажира некои од тие студенти да ја оспознаат работата на локалната самоуправа, затоа што универзитетот дава кадар и потенцијал, а жално е тој кадар да не се искористи“, рече Коњановски.

Студенскиот парк ќе се реализира со средства од Општина Битола и Универзитетот „Св.Климент Охридски“, а се очекува паркот да биде готов за три месеци.