ТЕРА

REKLAMA???

КОЊАНОВСКИ: ЗА ГАСОВОДОТ СЕ ЧЕКА ВЛАДАТА

Градоначалникот Коњановски на последната седница на Совет, информираше за развојната програма на општина Битола и изготвената проектна документација за реализација на над 65 проекти во вредност од една милијарда денари. Во врска со проектот за гасификација рече дека  Општината има одобрение за Основен проект на една делница, меѓутоа се чека одлука од Влада за избор на оператор за реализација на натамошнниот деловен модел на дистрибутивната мрежа.

„Во однос на проектот за гасификација, општина Битола има изработено 25 километри проект за инфраструктура, со кој се решава гасоводот и се сместува во рамките на постоечката урбанистичка планска документација. Веќе има одобрение за градба за 2 км дистрибутивна гасоводна мрежа, почнувајќи од ГМРС (Главна мерно-регулациона станица) до Цермат/Млекара. Во моментот во постапка на ревизија е Основен проект во должина од 8 км.Општината има одобрение за Основен проект на една делница, меѓутоа се чека одлука од Влада за избор на оператор за реализација на натамошнниот деловен модел на дистрибутивната мрежа.Ова значи дека сите обврски согласно предвидената динамика се преземени од страна на општина Битола во целост, но за жал сеуште нема никаква постапка од страна на Владата. Ова значи дека, општината во секој момент е подготвена да издвои средства, доколку од страна на Владата биде тоа побарано“, рече градоначалникот Коњановски.