Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, вчера на првиот работен ден во новата година заедно со секретарот Борче Димитровски, ја одржаа првата координација во новата 2025 година со раководствата на јавните општински претпријатија и установи.
Општина Битола заедно со јавните претпријатија и установите во надлежност на општината, продолжува посветено, со координирани активности да работи на реализација на најголемиот приоритет потребите и барањата на граѓаните, се со цел поубава Битола за сите граѓани, стои во соопштението од Општина Битола.












