ТЕРА

REKLAMA???

КОЊАНОВСКИ СО БЛАГОДАРНОСТ ДО ПОЖАРНИКАРИТЕ ЗА ЕФИКАСНОСТА И БРЗАТА ИНТЕРВЕНЦИЈА

Во последните 48 часа, 40 пожарникари од територијалната противпожарна единица, со 10 возила, постојано се на терен и покрај сите околности со кои се соочуваат успешно се справуваат со пожарите кои деновиве избувнаа во повеќе рурални места во општините Битола, Могила и Новаци, информира градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, кој до нив јавно изрази благодарност за ефикасноста и брзата интервенција.
„Голема благодарност за брзата интервенција на нашите екипи, кои уште еднаш ја покажуваат на дело својата професионалност и пожртвуваност во заштитата на населението, природните и материјалните добра. Повторно, брзи и експедитивни, во секој момент се на висина на задачата. Со нивната интервенција спречени се катастрофални последици.
Драги пожарникари, огромно Благодарам за целиот Ваш ангажман.
Во последните 48 часа, 40 пожарникари од територијалната противпожарна единица, со 10 возила, постојано се на терен и покрај сите околности со кои се соочуваат успешно се справуваат со пожарите кои деновиве избувнаа во повеќе рурални места во општините Битола, Могила и Новаци.
Голема благодарност за брзата интервенција на нашите екипи, кои уште еднаш ја покажуваат на дело својата професионалност и пожртвуваност во заштитата на населението, природните и материјалните добра. Повторно, брзи и експедитивни, во секој момент се на висина на задачата. Со нивната интервенција спречени се катастрофални последици.
Драги пожарникари, огромно Благодарам за целиот Ваш ангажман“ вели Коњановски.