ТЕРА

REKLAMA???

КОЊАНОВСКИ: СУЕТИТЕ НА ДЕЛ ОД СОВЕТНИЦИТЕ ЈА КОЧАТ РАБОТАТА

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски во изјава за Тера телевизија вели дека и за мартовската седница на Советот предложија точки за дневниот ред и дека тие повторно се одбиени. Вели дека одбиени се точки кои се особено важни за функционирањето.

„Се работи повторно за суета, закочување на работата на локалната самоуправа и на градоначалникот, а со тоа се отежнува работата. Особено значајни се неколку точки и повторно ќе ги поставиме. Одлуката за изменување за кофинансирање на проектот Smart4You2 (изградба на велосипедски патеки). Оваа точка ја предлагаме со цел конечно одблокирање на проектот финансиран од ЕУ и Битола да добие велосипедски патеки. Потоа измена на програмата за развојни планови 2024-2026.  Оваа точка ја предлагаме со цел измена на програмата и вметнување на објектот ПАРК за кој се добиени финансиски средства од Министерството за култура, и тоа не се поставува.

Тука се и финансиски план за работа на ЈП Комуналец-Битола, план за работа на ЈКП Водовод-Битола, планот за работа на ЈП Пазари-Битола и други“. вели Коњановски.

Тој вели дека ВМРО ДПМНЕ го нема мнозинството во советот.

„Новото мнозинство треба да одлучи дали ќе се изгласа завршната сметка. Ако не ја изгласаат неминовно одиме кон распишување на нови избори“, вели Коњановски.