ТЕРА

REKLAMA???

КРЕАТИВНА РАБОТИЛНИЦА „КЛАСИЧНА МУЗИКА И ГЛУМА ЗА ДЕЦА“

В понедленик на 31 јули од 11:00ч – 12:30 часот, во Интимен Театар / Хотел театар Битола ќе се одржи креативна работилница „Класична музика и глума за деца“.

Билјана Димовска и Татјана Божиновска се дипломирани класични пијанистки, со долг стаж, како во образовната дејност, така и во музицирањето и изведбата на класични музички дела. И двете веќе долго време се вработени како професорки во Државното Музичкото Училиште во нашиот град, а од 2009-та година, заедно настапуваат, креирајќи го музичкото дуо ПИЈАНО.

Со оглед на тоа што овие две блескави пијанистки едуцирале голем број на деца и тинејџери, Интимен Театар ги покани да направиме работилница каде што ќе ги обединиме двете уметности, музиката и актерската игра.

На самата работилница, Димовска и Божиновска ќе изведуваат композиции од класичниот музички репертоар наменет за деца, а децата под менторство на Софија Ристевска Петрушева, преку глума и сценски движења, ќе ги рекреираат музичките сцени, што претходно ќе ги чујат.

На оваа работилница децата ќе се запознаат со класичната музика, изведена четирирачно од двете пијанистки, а во исто време ќе ја развијат својата фантазија, креирајќи актерски сцени и етиди.

„Во ова долго жешко лето, испратете ги вашите дечиња да создаваат, креираат и да се радуваат. ???? Ги покануваме сите дечиња кои уживаат во музиката и театарот, заедно да работиме и да создаваме уметност. Ве очекуваме“ порачуваат од Интимен театар.

Цената е 300 денари.