Личните карти чиј рок не е истечен ќе продолжат да важат и по 12.02.2024. Министерството за внатрешни работи како ресорно министерство надлежно за издавање на лични документи укажува дека Законот за личната карта не е изменет.
„За таа цел, ги информираме граѓаните на Република Северна Македонија, дека личните карти со називот на државата „Република Македонија“ кои имаат важност, односно чиј рок не е истечен, продолжуваат да важат и по 12 февруари 2024 година“ стои во соопштението од МВР.












