ТЕРА

REKLAMA???

МАКЕДОНИЈА ЗНАЧАЕН ДЕЛ ОД БАЛКАН МОСТ КОНФЕРЕНЦИЈАТА

Конференцијата Балкан Мост, која се одржуваше во Веспрем, беше настан кој вклучуваше соработка на 10 партнери од Балканот и Европа. Започна во 2019 со цел развивање на балканската музичка сцена. Во изминатите години организаторите работеа преку  отворени повици со над 30 изведувачи, над 60 фестивали и младите менаџери од Балканот.

Ние разговараме со една од организаторите, Клара Наги, која ја истакна важноста на учеството на Македонија во овој проект.

„Македонија е една од 9- те држави вклучени во нашата програма и ние сме среќни што имаме македонски партнер Пасворд продукција, ние работиме со нив. Од самите апликации се гледа дека партнерските организации значат многу за развивање и презентација на изведувачите од нивните држави.Благодарение на Пасворд ние примивме многу апликации од македонски групи и изведувачи.Со нив работиме и на други делови од проектот, работиме со млади македонски менаџери и фестивали , тука се Д фестивалот, како и Џез фактори фестивалот од Битола. Мислам дека сме убаво поврзани со македонската музичка сцена и среќни сме што сме партнери со истата“.

Околу значењето на овој вид на конференции истакна:

„Идејата за оваа конференција беше да поканиме различни делегати и имавме околу 300 делегати. Половина од нив беа од Балканските земји, а другите од останатите европски земји.Мислам дека ова беше одлична можност за сите за размена на контакти, така и ја осмисливме конференцијата преку различни формати луѓето да се поврзат помеѓу себе.После сите тие конференции, панели, дебатни настани, презентации имавме концерти на кои луѓето се дружеа меѓу себе“.