На кандидатската листа за пратеници на СДСМ и коалицијата за изборната единица пет од Битола е и Методија Илиевски, актуелен советник и координатор на советничката група на СДСМ во Советот на Општина Битола.
Илиевски на оваа листа е на седмото место, а пред него на второто, односно коносителка е министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.
Неговата политичка кариера вели дека тој досега има три мандати како советник во Советот на Општина Битола, осум години во првите два мандати и сега две години во овој третиот мандат кој се уште трае.
Од партиските функции бележи и два мандати како претседател на младите социјалдемократи во Битола и два мандати како потпретседател на младите социјалдемократи во Македонија.
Илиевски е и раководител на подрачното одделение на министерството за земјоделие во Битола.












