ТЕРА

REKLAMA???

МИЛЕВСКИ: КАДРОВСКИТЕ РЕШЕНИЈА НЕ ГИ КОМЕНТИРАМ, НО СДСМ Е ДАЛЕКУ ОД РЕФОРМА

„Нема да ги коментирам кадровските решенија, но СДСМ е далеку од реформа“, вели во интервју за Актуел на Тера пратеникот и претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ, Пеце Милевски.

И од собраниската говорница имаше кажано дека претходните били лидери во ветено-нереализирано, почнато незавршено.

„Ќе го повторам тоа што го кажав. Ние моментално во опозиција имаме шампиони во енергетика, шампиони во почнато незавршено. И тоа граѓаните го знаат и тоа се покажа на претходните избори, она што сега јас го кажувам. Значи перцепција се гради. Перцепцијата на граѓаните за СДСМ е таа и тие се уште се непоправливи и продолжуваат со некои такви слични политики и не наоѓаат сила во себе да се освежат и реформираат“ вели Милевски.

Според него нема проект во Битола со кој претходната влада може да се пофали, освен како што рече бојадисувањето на офицерискиот дом и ѕидот на обиколницата на Битола.

„Сметам дека овој начин на работа на владата во овие изминати четири месеци, покажа сосема поинаков пристап. Може да се забележи поголема финансиска дисциплина, а тоа е добар показател дека не се прогледува низ прсти и не се злоупотребува и се обидуваме да функционираме дисциплинирано, онака како што треба. Стремејќи се кон Европскат унија ние треба, не само флоскули да кажуваме, треба да работиме, да функционираме и да живееме по одредени норми и начин на живеење кои што ни доликуваат и да бидеме одговорни кон себе, кон семејството и кон сите граѓани“ вели пратеникот Милевски.

На тој начин вели тој, ќе има повеќе пари, а со тоа ќе има уште повеќе можности да се финансиираа повеќе проекти, додава пратеникот од Битола, споменувајќи ги преземените мерки за зголемување на платите, пензиите, за инвестициите во здравството, образованието.

Милевски возврати на обвинувањата на СДСМ дека кај противпожарната зграда имало само темели. Вели, таму лесно е да се види, ако помини било кој зградата се гради и не се само темели.

„Градинките ги започнаа, немаше никаков напредок, договори си потпишаа со Бехтел, ништо не направија, друг им ги завршува домашните работи или друг им ги завршува договорните работи. Тие само договорите ги средуваат, а после доаѓа друг да им ја заврши работа. И секогаш потешкиот дел е кога треба да се сработи нештото“ вели тој.

На прашањето дали имаат ново име за градоначалник на Битола на изборите кои се в година, Милевски вели дека во овој момент нивната апсолутна поддршка е за актуелниот градоначалник Тони Коњановски.

Дали за Прочка полесно му е да и’ прости на Илиевска од Поинаку или на Илиевски од СДСМ?

Целото интервју во продолжение.