Зошто граѓаните да гласаат за Силјановска-Давкова, а не за Пендаровски. Вашиот поранешен колега од Советот, кога вие бевте советник, во оваа емисија рече дека таа е пропаднат транзицки политичар, го прашавме Пеце Милевски, претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ Битола и кандидат за пратеник.
„Ја видов изјавата, го видов тоа, ми го испратија и сакам да му порачам нешто на Методија. Како прво Менде е млад човек од Битола, сите се знаеме, секој ден се гледаме низ Широк сокак, ќе се видиш, ќе поразговараш и сметам дека не му доликува прво затоа што на почетокот на интервјуто мислам дека и министерката зборуваше за почиттаа, за нападите, како жени, како политичари, тогаш требало и на Менде да му кажи, на Методија, дека не е добро да се напаѓа една професорка, една жена на тој начин, со такви зборови како што тој кажа за идниот претседател на Македонија.
Сметам дека една личност како Гордана Силјановска-Давкова, истакнат професор, па и во меѓународни рамки призната како професор и интелектуалец, сметам дека не заслужува така да биде од негова уста кажано или наречено, но тоа е негово право, јас само да кажам тоа што имам.
Сметам дека Гордана Силјановска-Давкова ќе биде идниот претседател на Република Македонија, сметам дека таа ќе биде претседател на сите луѓе, ќе работи во интерес на сите луѓе. Гордана Силјановска-Давкова ќе биде претседател на народот, а не на елитите, таа ќе работи во зачувување на македонските национални интереси, ќе ги почитува ликот и делото на луѓето кои што оставиле свој аманет и жртва за оваа наша држава во која што ние сега живееме, твориме и делуваме политички, сметам дека таа ќе биде претседател кој што ќе работи во интерес на сите граѓани“ рече Милевски.












