И во Нова Битола, како што вели Милевски граѓаните знаат како да ја направат Македонија повторно горда, односно поддршката за Гордана Силјановска-Давкова, за кандидатот за претседател и идниот претседател на Република Македонија е несомнена и поддршката е голема.
„Нема демократија во која што граѓаните не се активно вклучени. Затоа Ве повикуваме, онака како што не пречекувате на вашите врати, исто така бројно да излеземе на изборите на 24 април и на 8 мај и да ја дадеме поддршката за Гордана Силјановска-Давкова“ рече Пеце Милевски кој е кандидат за пратеник, а пораката ја прати од средбите што со партиските изборни тимови ги имаат во Нова Битола.

















