ТЕРА

REKLAMA???

МИЛЕВСКИ: СДСМ СЕ ЧУДЕЛА ЗОШТО ТОЛКУ БИЛА ГОЛЕМА КАЗНАТА ОД БИТОЛЧАНИ

Половина час пред настапување на изборниот молк, на својот Фејзбук профил се обрати и кандидатот за пратеник од ВМРО ДПМНЕ, Пеце Милевски кој е и претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ Битола.

„Големата подддршка значи и голема обврска. Таа не обврзува мене и сите нас во ВМРО ДПМНЕ

Почитувани, огромниот пораз што им го нанесовте на СДСМ во Битола на 24 април заслужува почит и бара сериозна посветеност на нашата генерација политичари.

Битолските СДС-овци биле збунети и се чуделе зошто толку била голема казната од битолчани.

Неоправдано се чудат и се изненадени!

Мои битолчани, ја казнивте мафијата на СДСМ и ДУИ затоа што ја направија најголемата кражба преку ЕЛЕМ и РЕК со Васко и Заев, со Али и Артан и нивните криминални другарчиња.

Токму со криминалот во РЕК Битола разни лешинари ги наполнија своите џебови на грбот на народот, на нашиот грб.

Потрошија и украдија повеке од една милијарда евра за набавка на јаглен, за двојно поскап мазут и канцерогено масло.

Уште потрагично, на толку фрлени и украдени пари ги уништија двата блока на РЕК Битола.

Ја поскапија струјата за повеќе од 70% – плаќаат сите, освен во Сарај, Арачиново, Слупчане…

Заради сите кражби и криминали на СДСМ и ДУИ, ве повикуваме почитувани Битолчани, уште покатастрофално да ги поразиме и масовно на 8 мај да излеземе да ја поддржиме Гордана за претседател и ВМРО ДПМНЕ со коалицијата “Твоја Македонија”.

Почитувани, вие секогаш сте биле точни и прецизни, секогаш сте знаеле да ја донесете вистинската одлука во пресудниот момент.

На 8 мај да бидеме сите победници, затоа што “Никој не победил народ” така ќе биде и во среда!

Почитувани битолчани, поддршката во среда на 8 мај треба да биде уште поголема.

Заедничката борба и промените имаат успех само со силна и стабилна влада и со достојна претседателка на Македонија.

ПРОМЕНИТЕ се НАДЕЖ, надеж за СЕГАШНОСТА, надеж и влог во ИДНИНАТА!

Македонија е наша, моја, твоја. Во среда ја враќаш во твои раце – ТИ, “ напиша Милевски со фотографија од последниот митинг на ВМРО ДПМНЕ во Битола.