На вчерашната прес конференција на која беше соопштена одлуката за ограничување на маржите на 10 проценти, портпаролката на владата Марија Митева рече дека ваквата одлука е донесена врз основа на извештајот од Државниот пазарен инспекторат кој покажал дека кај трговците на мало утврдено е дека има над 20 проценти маржа на основните прехранбени производи и над 30 проценти маржа кај средствата за лична хигиена.
Таа кажа и дека кај увозници дистрибуртери утврдени се повисоки маржи кои одат дури и до 50 проценти.












