ТЕРА

REKLAMA???

МИТРЕСКИ: ДРУГА АЛТЕРНАТИВА ОСВЕН ЕВРОПСКАТА НЕМАМЕ

Друга алтернатива освен европската немаме, верувам дека граѓаните ќе одберат иднина која е европска, која обезбедува подобра егзистенција, порача претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески во Дневникот на Сител ТВ, во врска со можни коалицирања со други партии.

„Секако анализи се прават и има разговори, нема моментално никаква одлука како ќе се спроведе тоа на изборите, затоа што сеуште се прават анализите. Очекувам дека граѓаните ќе одберат иднина која е европска, ќе одберат иднина која што обезбедува подобра егзистенција, ќе одберат иднина кон демократскиот свет, млада демократија која уште треба да работи на тоа прашање и ценам дека на крајот друга алтернатива освен европската ние немаме, затоа што досега не сме слушнале за друга алтернатива и на крајот граѓаните ќе донесат одлука да ја одберат оваа работа која што ние ја промовираме и работиме и таа што ќе ја понудиме на изборите,“ рече тој.

Ќе направам сè, да се обезбеди нормално и ефикасно функционирање на Собранието, вели Митрески.

„Точно е дека се одржа првата координација, точно е дека не беше присутен координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, точно е дека имаше присутен пратеник од опозицијата кој сметал дека треба да биде присутен и беше коректен, прашуваше  кои се плановите, кога ќе има седници, кога ќе има работни тела, прашуваше работи кои се односуваат на функционирањето  на Собранието. Кажав и на првата изјава и од пленарната сала кога вршевме примопредавање на функцијата со г.Џафери, дека  ќе направам се да бидам во комуникација со сите пратеници, со акцент на опозицијата затоа што сметам дека мора да има комуникација, но таа мора да биде двострана. Ќе направам се да се обезбеди нормално и ефикасно функционирање на Собранието“, рече претседателот на Собранието.

Во однос на тоа дали веќе потпишаните закони од Ковачевски можат да влезат во собраниска процедура, Митрески посочи дека такви случаи имало и претходно и притоа се осврна на процедурата, која налага собранието да се обрати до владата да извести кои се тие закони, а Владата одговара со тоа дали остануваат истите текстови и дали има промени. Тој посочи дека добиена е потврда од старана на владата дека остануваат сите закони.

Прашан за законот за бранителите, тој информираше дека е во фаза на превод, како и дека очекува во најскоро нвреме да биде завршен и да биде ставен на седница на 7 февруари, прва наредна седница.