На почетокот на февруари ќе ја започнеме процедурата со интерните анкети за избор на можни кандидати за градоначалници за претстојните локални избори и успешно ќе ја завршиме, рече премиерот Христијан Мицкоски.
„Се уште не сме почнале со реализирање на анкетите. До сега траеше внатрешно партиската и внатрешно коалициската процедура за номинирање на личности, рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање.
Како претседател на партијата и Извршниот комитет, додаде, го задржуваме правото да предложиме имиња за кои мислиме дека треба да бидат дел од овој процес на анкетирање, надвор од списокот кој е доставен од општинските комитети.
Прашан дали може да обелодени некои имиња, Мицкоски рече дека не може тоа да го направи во моментов.












