ТЕРА

REKLAMA???

МУЗИЧКИ СПЕКТАКАЛ СО МАЕСТРО КОТЕЦУ ВО БИТОЛА

Синоќа во преполната сала на Центарот за култура, музички спектакал во рамките на Интерфест, одржа пријателот на македонската песна, јапонскиот оперски првенец Казухиро Котецу.

Салата беше исполнета до последно место, атмосферата преполна со емоции.

Котецу настапи во придружба на Камерниот оркестар на Битола, под диригентска палка на Владимир Димовски.

Казухиро изведе  Оперски арии, но вистинската кулминација се случи со изведбата на „Македонско девојче“, „Ако умрам ил загинам“, „Ако одам во Битола“.

На настанот свое обраќање имаше уметничката директорка на Фестивалот Милица Шперовиќ-Рибарски која се заблагодари на нашата телевизија за долгогодишната соработка.

Меѓу присутните беа јапонскиот амбасадор Оцука Казуја, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, градоначалникот Тони Коњановски и директорката на Центарот за култура Маја Андоновска Илијевски.

Котецу живее во Токио и настапува во тамошната опера. Но, во исто време, тој е голем вљубеник во македонската музичка традиција. Досега ги има обработено и песните: „Болен ми лежи Миле Поп Јорданов“, „Кога падна на Пирина“ , „Земјо македонска“ и други.

Љубовта на оперскиот музичар започна од гостувањата во Македонија во 2013 и 2014 та година.

32-рото издание на „Интерфест“ привлече гости од повеќе земји како Шпанија, Италија, Португалија, Украина и Австрија. Фестивалот е поддржан од Министерството за култура и Општина Битола.