На годинешното издание на фестивалот во Ниш, Србија, „Театар на крстопат“, претставата „Лепа Вида“, а во режија на Марјан Неќак, ја доби наградата за најдобра сценска музика. Претставата е во изведба на Националното гледалиште од Копер и словенечкото постојано гледалиште од Трст, а Неќак во истата е и композитор и сценограф.
Во своето образложение жирито во состав : Васил Василев, Ненад Новаковиќ, Душан Ковачевиќ, Ирена Шаровиќ и Ирена Шариќ-Ѓуров, истакна:„ Со вешто комбинирање и свирење музика, инструменти и вокал, авторот не води низ емоциите и атмосферата што ја дефинираат целата претстава“.

Драматург на претставата е Сташа Прах, кореограф Клемен Јанежич, костимограф Јелена Проковиќ, автор на видео проекција Марин Лукановиќ, светло Марјан Неќак, Вид Принчич и Амар Феризовиќ. Во претставата играат Ања Дрновшек, Рок Матек, Данијел Малалан, Блаж Поповски.
Многу книжевни дела со вградениот мит за Лепа Вида сведочат за посебното значење на митот за словенечкиот национален идентитет. Митот би требало да содржи одредени скриени потези и разорни пресврти кои се карактеристични за нашата колективна свест и нашата душа, на пр. комплексот на копнежот, архетипот на мајката, архетипот на жената, носталгијата, односот кон традицијата, односот кон она што е туѓо и кон другите, дури и бунтот. Затоа во претставата ќе се претстават и Прешерн, Цанкар, Роза и други кои го преработија митот за Лепа Вида, барајќи во него метафора за болката, оправдувањето и прошката на својата или на општеството.












