Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози, информираат од АМСМ.
Намалена видливост поради појава на магла од 20 – 30м. има на патниот правец Берово – Виница, од 100 -150м. на патниот правец Прилеп – Битола и до 100м. на патниот правец Кичево – М. Брод.
Сите патни правци во државата се проодни, без забрани и ограничувања.
Не заборавајте задолжително да носите зимска опрема и возете внимателно!












