Научниците предвидуваат дека најголемата санта мраз во светот, А23а, ќе се распадне во рок од еден месец откако го избегна вителот во кој беше заробена во јануари 2024 година и премина кон Антарктикот, јави Анадолија.
А23а се одвои од ледениот гребен Филхнер-Роне на Антарктикот во август 1986 година.
Сантата мраз мируваше околу 34 години, но во 2020 година, океанските струи почнаа да ја поместуваат и таа почна да се движи кон западниот дел на Веделовото Море.
За време на своето патување, сантата мраз остана заробена во вител и се вртеше околу него од јануари до средината на декември оваа година.
Во моментов е ослободена од вителот и се движи кон Антарктикот.
Ендрју Мејерс, член на Британскиот астрономски тим (БАС), за Анадолија изјави дека не забележале никакви надворешни фактори кои влијаеле на извлекувањето на сантата мраз од вителот, но дека најверојатно главна улога во тоа имале силните струи и ветрови во регионот.
Тој додаде дека оваа џиновска санта мраз сега се наоѓа во антарктичката циркумполарна струја и ќе продолжи да се движи на североисток, кон Јужна Џорџија.
Додека сантата мраз се движи кон север, се очекува зголемување на температурите на океаните, што ќе го забрза процесот на нејзино топење.
МИА











