Од Автомото сојузот на Македонија информираат дека 0д 16:15 патниот правец Гостивар-Стража e целосно затворен за сообраќај.
Од 15:20 часот на патниот правец Битола-Ресен, и обратно, кај превој „Ѓавато“, поради обилни врнежи на снег воведена е забрана за движење на ТТМВ.
Од 16:35 на патниот правец Градско-Прилеп кај превој „Плетвар“ и обратно, поради временските услови има забрана за движење на ТТМВ.
Од 16:30 патниот правeц Крива Паланка граничен премин Деве Баир е затворен за тешки товарни возила.
Од 17:00 часот на патниот правец Кратово-Пробиштип, поради обилни врнежи на снег воведена е забрана за движење на ТТМВ.
Од 17:00 часот на патниот правец Превој-Буково, и обратно, поради обилни врнежи на снег воведена е забрана за движење на ТТМВ
Центарот за управување со кризи информира дека регионалниот ЦУК Битола, известува дека сообраќајот на патниот правец Ресен-Битола се одвива отежнато поради наноси од снег и дека имало повеќе возила кои се лизнале од патот. Екипите на ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта и на овој патен правец работеле за расчистување на наведениот патен правец.
Битолската полиција апелира до граѓаните, односно возачите на патнички и товарни моторни возила за доследно почитување на задолжителната обврска за поседување на зимска опрема во возилата, како и на потребата од прилагодување на возењето кон зимските услови на патиштата.
Поради обилните врнежи на снег на патиштата, особено на планинските превои, апелираат до возачите доколку не е неопходно да не тргнуваат на пат и да бидат исклучително внимателни поради отежнато движење на товарните возила и обилните врнежи на снег.
Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека до крајот на денот времето ќе биде претежно облачно, во првиот дел на ноќта на повеќе места со врнежи од снег. Во вториот дел внежите ќе намалуваат. Ќе дува умерен до силен северен ветер.
Утре претпладне претежно во североисточните делови ќе провејува слаб снег, а во текот на денот во земјата ќе биде сончево и студено со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието и во источните делови силен ветер од северозападен правец (над 70 км/час).
Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 4, а максималната ќе достигне од -1 до 7 степени.
Утринската во Битола до -4 степени, а дневната до 4.












