Не е точно дека дел од училиштата се без наставен кадар вели градоначалниот на Битола Тони Коњановски на вчерашните обвинувања од страна на СДСМ.
„Апсолутно не е точно. Договорите се прекинуваат, меѓутоа како што е законот се обновуваат за наставниците. Се трудиме никој да не остане без работа. Политиката треба дефинитивно од образовани, здравство, култура и од спорт еднаш засекогаш да ја тргнеме на страна. Не можиме да ги делиме по таква основа луѓето“, рече градоначалникот Коњановски.












