ТЕРА

REKLAMA???

НИКОЛОВСКИ ГИ ПОВИКА ГРАЃАНИТЕ ДА ГЛАСААТ ЗА СДСМ И ЕВРОПСКАТА КОАЛИЦИЈА

На претстојните избори дајте го вашиот глас за СДСМ и европската коалиција, порача од денешната прес конференција, советникот од СДСМ, Петар Николовски.

„Од сите вас, зависи кој ќе биде правецот на државата и колку брзо Македонија ќе стане членка на ЕУ за да имаме и плати, и пензии, и здравство и образование, и патишта, и земјоделие, и судство како што имаат земјите членки на Европската унија.

Изминативе 7 години направивме многу иако работевме во екстремни околности и кризи. Ковид криза, економската криза, енергетската криза. Но, целиот тој период бевме рамо до рамо со вас, граѓаните, и не оставивме никого сам

Вративме 2,6 милијарди евра назад кај вас и во стопанството За првпат донесовме Закон за поддршка на домашните компании, а не како порано пари од буџетот да добиваат само странските инвеститори. Ги зголемивме минималната плата за 120% и просечната плата за 80%, а пензиите ги зголемивме за 55%

Немаме заблуда дека високите цени го јадат стандардот! И затоа сме одлучни да продолжиме кон подобра иднина. На Македонија, особено нас, младите што живееме тука, потребно ни е членството во ЕУ не заради остварување на европски сон, туку заради европски животен стандард. Патот до ЕУ е тежок, но тој е вистинскиот. Нема откажување од иднината“ рече Николовски.