ТЕРА

REKLAMA???

НИСКОГРАДБА: ГРАЃАНИТЕ ДА ЈА КОРИСТАТ ЕЛЕКТРОНСКАТА ПЛАТФОРМА ЗА СМЕТКИ

КЈП Нискоградба Битола ги информира граѓаните дека од неодамна на новата платформа за електронска наплата на сметки е воведена нова услуга за електронска достава на истите и апелира до граѓаните да се регистрираат на истата. Ваквата услуга им овозможува на граѓаните сигурна и брза достава на сметките за надомест на канализација.

Исто така информираат и за услугата за одлагање на градежен шут.

„Имено многу често граѓаните се соочуваат со проблемот за одлагање на градежниот шут и заради неинформираност ги користат услугите на нелиценцирани превозници кои одлагањето на шутот го вршат најчесто во диви депонии. Со цел да се излези во пресрет на граѓаните , како и со цел да се заштити околината информираме дека КЈП Нискоградба Битола врши подигање, транспорт и одлагање на градежен шут, на претходно доставено барање, по цени пониски од актуелните на пазарот“ стои во информацијата на Нискоградба.