Пред празникот Василица – Православна Нова година, членови на синдикалната подружница на РЕК Битола донираа новогодишни пакетчиња за децата од социјално загрозени семејства кои се згрижени во Детската градинка Пролет.
„Да се помага е убаво во секој период од годината“ велат од синдикатот на РЕК.

Директорката на Детските градинки „Естреја Овадија Мара“, Лидија Тфирст Митревска се заблагодари за новогодишните пакетчиња од синдикатот на РЕК Битола.
„Како општествено одговорна компанија секогаш сте во корист на нашите потреби“ вели Митревска.












