ТЕРА

REKLAMA???

ОБЈАВЕНА ЛИСТАТА СО 185 ГРАЃАНИ КОИ ЌЕ ДОБИЈАТ СУБВЕНЦИЈА ЗА ВЕЛОСИПЕД

185 граѓани кои аплицираа на јавниот повик објавен од Општина Битола, ќе добијат надомест на дел од трошоците за купување на велосипед, соопшти денеска општината.

Јавниот повик, беше објавен согласно Програмата за заштита на животната средина на Општина Битола за 2022 година и донесената Одлука од страна на Советот.

Со спроведувањето на овој јавен повик, општината има за цел да ги мотивира граѓаните на поголемо користење на велосипедот како замена за моторните возила, а со тоа и подобрување на квалитетот на животната средина.

Општината на својата интернет страница ја објави листата на апликанти кои ќе добијат надомест на дел од трошоците за купен велосипед е објавена на следниот линк https://www.bitola.gov.mk/lista-na-subvencionirani…/