ТЕРА

REKLAMA???

ОД ВЕЧЕРВА ДЕСТАБИЛИЗАЦИЈА НА ВРЕМЕ

Денеска особено во западните делови ќе дува умерен до засилен претежно југозападен ветер.

Во текот на ноќта и утре особено претпладне ќе има повремени врнежи од дожд, наместа поројни, проследени со ретки грмежи и силен ветер (над 70 km/h), информираат од Управата за хидро-метеоролошки работи.

На повисоките планини особено на северот врнежите ќе бидат од снег.

До четврток ќе се задржи врнежливо и повремено нестабилно со пороен дожд, ретки грмежи и повремено засилен ветер, а дневните температури ќе бидат во постепен пораст.