Утрово 10степени во Лазарополе, 12 Попова Шапка, 14 Маврови Анови, 15 Крушево, Битола, Охрид, 16 Берово, Крива Паланка, Претор, 17 Тетово, 18 Прилеп, Виница, 19 Струмица, 20 Скопје-Петровец, Куманово, Демир Капија, Штип, Кавадарци, 21 Скопје-Зајчев Рид Гевгелија, 22 Дојран, Велес.
Во ноќните часови времето беше променливо облачно, во првиот дел од ноќта во североисточните и источните делови имаше краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Дуваше умерен до засилен северен ветер, особено во горниот дел на Повардарието. Утрово е малку до умерено облачно со слаб до умерен северен ветер.
Времето денеска малку до умерено облачно. Околу пладне ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 28 до 35 степени. Во Битола до 29 степени.
УВ индексот 8.












