ТЕРА

REKLAMA???

ОЛИВЕРА НАКОВСКА-БИКОВА Е СВЕТСКА ШАМПИОНКА

Утринава во 9:30 часот по македонско време, Оливера Наковска-Бикова, предводена од нејзиниот тренер Бранимир Јовановски и асистентот Драган Дојчиновски, ја освои титулата светски шампион во дисциплината П4-Пиштол слободен избор на Светското првенство во Ал Аин во Обединетите Арапски Емирати.

Во квалификациите испука одличен резултат од 538 (најдобар во нејзината кариера) со што го освои второто место и пласман во финале, иако почетокот на мечот не го наговестуваше тоа. После неколку правовремени совети од тренерпт, а пред се од нејзината подготвеност да се фати во борба со останатите, Оливера ги подобри своите перформанси и сигурно зачекори во финалето.

Во самото финале, уште од стартот ја презеде лидерската позиција и ја одржа до крај, до последниот куршум, иако финалето беше драматично и мошне квалитетно.

Останува да и честитаме на Оливера за големиот успех, за себе, за своето семејство, за својата федерација и за државата Македонија.