За време на зимскиот распуст, за учениците, но и за сите граѓани на Битола ќе биде обезбеден бесплатен превоз до ски центрите „Копанки“ и „Нижеполе“.
Во соопштението од општината се вели дека превозот ќе го врши ЈП „Пелалинк“, почнувајќи од утре 10 јануари секој работен ден до 17 јануари и иститот ќе се одвива со две линии.
Линијата број 1 до скијачкиот центар „Нижеполе“, а линијата број 2 до „Копанки“.
Тргнувањето е во 8:30, а враќањето во 14:30.