Попладнево светот се соочи со проблем со двете социјални мрежи Фејзбук и Инстрагам, а исто така недостапна е и апликацијата на Месинџер.
При обид за вклучување и пристап до Фејзбук и Инстаграм, корисникот не може да пристапи до мрежите и му се појавува одговор невалидна лозинка, истечена сесија или непостоечки пасворд.
Дел од медиумите шпекулираат дека се работи за голем хакерски напад.
Би-Би-Си јави дека страницата за следење „Downdetector“ посочи повеќе од 300.000 извештаи за прекини на Фејзбук, додека имаше повеќе од 20.000 извештаи за Инстаграм.
Повеќе земји ширум светот се погодени.
На Мета му се обрати за коментар. Нејзината страница за статус сугерира дека производите доживуваат големи нарушувања.
„Свесни сме за проблем кој влијае на најавувањето на Фејзнук. Нашите инженерски тимови активно бараат да го решат проблемот што е можно побрзо“, се вели во соопштението.












