ТЕРА

REKLAMA???

ПАМЕТНИ АВТОБУСКИ ПОСТОЈКИ И ЕЛЕКТРИЧНИ ВЕЛОСИПЕДИ

На средбата на новиот амбасадор на Европската Унија со советниците од Советот на Општина Битола, а кој во четвртокот беше во прва посета на општина Битола, амабасадорот Михалис Рокас ги слушна и мислењата и ставовите на советниците од политичките партии во советот.

Координаторот на ВМРО ДПМНЕ, Бојан Бојкоски рекол дека Битола е лидер во Пелагонискиот регион по бројот на имплементирање на проекти од прекуграничната соработка со Албанија и Грција. Во моментот се имплементираат три проекти во општина Битола со поддршка од ЕУ.

Од ЕУ амбасадорот побарал за проектот за изградба на пречистителна станица која е во фаза на евалуација и изразил надеж дека овој пат ќе биде успешна јавната набавка. Со тоа конечно ќе се реши проблемот со отпадните води во градот бидејќи се работи за повеќе милионски проект кој значително ќе влијае врз заштита на животната средина.

Исто така Бојкоски во врска со проектот „Smart4you“ каде има останати финансиски средства бидејќи активноста за велосипедските патеки не се реализира, а истите се градат со средства од буџетот на Општина Битола, побарал доколку е можно да се искористат неискористените финансиски средства, односно истите да се пренаменат за набавка на елетрични велосипеди кои ќе  ги користат битолчани.

„Младите во Битола, како и низ цела Македонија, ја гледаат својата иднина како дел од големото европско семејство, рече советникот од СДСМ Петар Николовски кој се обрати во име на советничката група на СДСМ.

Тој вели тие сонуваат за можности, заеднички вредности и шанса да придонесат во изградбата на посилен и обединет континент. Оваа генерација е подготвена да биде активен дел од Европа – да создава, да иновира и да се натпреварува со најдобрите.

Ги истакнал предизвиците кои ги засегаат: јавен превоз и инфраструктура, млади и миграција, екологија и енергетска ефикасност.

И предложи три конкретни проекти, кои ќе бидат иницијатива за заедничка соработка: Центар за дигитални иновации и претприемништво, паметни автобуски постојки, европска зелена зона за рекреација и образование.

Пред да се сретне со нив, како што веќе информиравме имаше средба со градоначалникот Коњановски кој од амбасадорот Рокас меѓу другото побарал негово посредништво во пронаоѓање нова грчка општина што би била партнер на Битола за проширување на меѓународните релации на градот.