ТЕРА

REKLAMA???

Парламентарни избори во Унгарија, Орбан се бори за уште еден мандат

Граѓаните на Унгарија денеска гласаат на парламентарните избори на кои долгогодишниот премиер Виктор Орбан и неговата партија Фидес се пред најголемиот предизвик досега.

За разлика од претходните изборни циклуси, кога убедливо победи, 58-годишниот Орбан сега има сериозен ривал, коалицијата Обединети за Унгарија, шестпартиска алијанса предводена од кандидатот за мандатар, 49-годишниот економист, Петер Марки-Зај.

Анкетите покажуваат дека Фидес има мала предност, но и дека исходот од изборите е неизвесен. Според анкетата спроведена од 23 до 25 март, владата на Орбан ја поддржуваат 44 отсто од гласачите, а опозицијата 42 отсто, со маргина на грешка од 3,5 отсто.

На Орбан кој е на чело на владата од 2010 година кампањата му се заснова на ветувањето дека ќе го зачува мирот и безбедноста и ќе обезбеди увоз на енергија од Русија, во време на војна со Украина, со која Унгарија се граничи.

Како членка на Европската унија, унгарската влада гласаше за најголем дел од санкциите кои ги воведе ЕУ за Русија и дозволи распоредување на НАТО војници во Унгарија, но одби да ѝ испрати оружје на Украина и не дозволи транзит на оружје преку унгарско-украинската граница.