ТЕРА

REKLAMA???

ПАРНИ ВАЉАК ДОАЃААТ ВО МАКЕДОНИЈА

Популарниот хрватски рок бенд ,,Парни ваљак” ќе одржи концерт во Скопје, на 18-ти мај во Спортски центар Јане Сандански. Настанот е во организација на Авалон Продукција, од каде истакнуваат дека одлучиле дека е дојдено време бендот повторно да свири во Скопје. Инаку ,,Парни ваљак” доаѓа со новиот вокалист, Игор Дрвенкар, кој дојде во бендот по смртта на Аки Рахимовски.

Игор е перспективен пејач кој публиката го памети по впечатливите настапи во омилената хрватска емисија „А страна“ (која се емитува на ХТВ). Во музичките води е од средно училиште кога го имаше својот прв бенд „Откажани лет“, но како официјален почеток го смета освојувањето на Првата награда од публиката и втората награда од жирито на музичкиот фестивал во Михољанац во 2008 година.

Во 2012 година ја доби наградата за најдобар млад кантавтор, а една година подоцна на Рок академијата завршил снимање и продукција на звук. Настапувал и во театарски претстави, претежно во мјузикли.

Аки, роден во Ниш, уште како дете се преселил во Скопје со семејството, и во минатото често раскажуваше за неговата поврзаност со Македонија, каде неретко доаѓаше. Некогаш приватно, бидејќи мајка му живееше во Скопје, а многу пати и на настапи. Тој почина на 66-годишна возраст во јануари 2022 година во Словенија. На едно од интервјуата за Тера телевизија, клавијатуристот на „Парни ваљак„ се присети на Аки и настапите во Македонија, истакнувајќи дека е голема одговорност да се дојде во Скопје, во градот на Аки, да отсвират концерт.

„Откако постои музичката индустрија на овие простори, ,,Парни Ваљак” е можеби единствениот музички бренд кој во сите сегменти работи на начин и на ниво на било кој врвен светски бенд, и големо задоволство ни е да му овозможиме на Скопје и Македонија повторно да бидат сведоци на тоа“, порачаа од Авалон Продукција.