ТЕРА

REKLAMA???

ПЕТРОВСКА: ИНВЕСТИРАМЕ ВО БЕЗБЕДНОСТА, ВО ТЕК Е НАБАВКА НА ДРОНОВИ И ХЕЛИКОПТЕРИ

Министерката за одбрана Славјанка Петровска вели дека инвестираме во безбедноста, во тек е процес на набавка на дронови и хеликоптери за македонската Армија.

„Дроновите се дел од најновата технолологија која што може да се користи и за војување и за заштита и гарантирање на одбраната на една држава. Во Министерството за одбрана беше презентирана анализата од страна на Генералштабот на армијата и се работи на прецизирање какви дронови, во каков обем треба да бидат набавени и како ќе се инкорпорираат во сегашниот систем на одбрана, во координација со останатите институции во државата и ќе се обидеме да имаат поширока употреба и за цивилни цели,” рече министерката за одбрана Славјанка Петровска во Дневникот на Сител ТВ.

Таа изрази очекување дека до крајот на годинава тимот кој е формиран во Министерството за одбрана да излезе со конкретен предлог за набавка, и истите ќе бидат предмет на набавка наредниот период.

„Дванаесет хеликоптери се донирани, останатите кои се дел од нашата флота се во употреба и не ма да бидат на никаков начин отуѓени се додека не биде склучена набавката за новите осум транспортни хеликоптери и најважно истите да бидат испорачани во нашата држава, ” истакна Петровска во врска со ндонираните хеликоптери на Украина.

Во врска со набавката на хеликоптери, односно од каде ќе се набават, Петровска рече дека тимот кој е задолжен за процесот побарал дополнително време, за испитување на понудите кои се доставени, а во текот на следна недела се очекува да реферираат до министерството и Генералштабот, а со конкретен предлог ќе излезе пред Владата.

Кај нас нема опасност од прелевање на некаков вооружен конфликт, вели министерката за одбрана.

„Што се однесува до забелешките на кој степен да се подигне подготвеноста во поглед на справ увањето со различните облици и потенцијални закани, мислам дека е соодветно со оглед на случувањата можеби малку подалеку од нас, меѓутоа сепак е релевантно. Тоа не значи дека се зголемува ризикот, меѓутоа на нституциите им се посочува дека треба на определени сегменти да обрнат малку повеќе внимание,”рече министерката Петровска на прашањето околу ставот на Националниот комитет за спречување на екстремен тероризам алармот од ниско да се стави на средно ниво на опасност.

Петровска ја посочи важноста од тоа да безбедносните и разузнавачки служби имаат точни информации кога во регионот и пошироко има неколку жаришта и воени дејствија.

„Сите аспекти на безбедноста се земени во предвид. Нациналниот комитет за спречување на тероризам има свој аспект на работа и со повратниците од воените дејствија и се додека постои одлична координација помеѓу институциите, спроведување на активностите кои се планирани, мислам дека можеме да имаме позитивни извештаи во однос на безбедноста на нашата држава.,” рече Петровска.

Таа истакна дека од особено значење во ваква ситуација е превенирањето, набљудувањето и навремената реакција.

„Во Република Северна Македонија нема опасност од прелевање од некаков вооружен конфликт, Северна Македонија е земја членка на Алијансата, и навостина се посветува внимание на гарантирање на безбедноста на нашата држава,” порача Петровска