ТЕРА

REKLAMA???

ПИЈАНИСТОТ ДИНО ИМЕРИ СО ФАНТАСТИЧЕН КОНЦЕРТ ВО ЗАГРЕБ

Mакедонскиот пијанист Дино Имери одржа солистички концерт во Загреб во Државниот архив. Имери свиреше дела од Мануел де Фаља, Фредерик Момпу, Морис Равел и Жорж Бизе и тоа на пијаното „плејел“ од 1911 година, кој бил во сопственост на прочуениот пијанист Светислав Станчиќ, кому специјално му го испорачале од Париз.

„Ова е мое четврто гостување во Загреб, град кој е центар на една многу сериозна пијанистичка школа. Сум настапувал во различни стадиуми од мојата кариера, од студентските денови, па сѐ до оваа зрела фаза и за сите тие посети можам да кажам дека чувствувам неверојатна топлина“, изјави Имери.

Концертот беше организиран во соработка со Културно информативниот центар на РМ.во Загреб.

До крајот на годината го очекува настап на 4. декември во Камерната сала на Филхармонијата со диригентката Дијана Имери-Илкоска на настанот „Музика и поезија – вечер со музиката на Шопен“. На пијанистот Дино Имери на свечена церемонија му беше доделено признанието за најдобар уметник на УКИМ за 2022 година.

Наградата е по повод Светскиот ден на науката – 10. Ноември, за покажани врвни резултати во уметничката дејност како и за придонес и афирмација на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Дино Имери е роден во Скопје. Во текот на својата кариера оствари бројни настапи со повеќе оркестри и камерни ансамбли од земјата и од светот. Имери досега сними неколку дискографски изданија, а добитник е и на повеќе награди и признанија.