ТЕРА

REKLAMA???

ПЛАТИТЕ НА КУЛТУРНИТЕ РАБОТНИЦИ ОД ДЕНЕС ПОКАЧЕНИ ЗА 12 ПРОЦЕНТИ

Како што ветив, платите на културните работници од денеска се покачени за 12%, вака денеска рече министерката за култура Бисера Костадиновсак-Стојчевска, која е и коносител на листата на СДСМ и колицијата во петтата изборна единица.

„Оваа Влада предводена од СДСМ се грижи подеднакво за сите. Од 2019 година до денес, покачувањето на платите во Секторот култура се искачи на 52%, со потпишувањето на Колективниот договор.

Се борам веќе две години за повисоки плати за вработените во културата и успехот не може никој да го порекне. Платите пораснаа и повторно ќе растат.

Не постои ниту еден чинител кој е против повисоки плати, особено кога законот за кој оваа Влада се избори е на страната на културните работници.

Ова на СКРМ беше очигледно предизборна игранка и манипулација.

Вчерашниот состанок во Министерство за финансии не беше свикан со намерата која Синдикат на културата на Република Македонија им ја презентираше на своите членови, нути пак за некаква игра, денес се докажа тоа.

Секогаш сум била на страната на вработените, за повисоки плати и за поголеми работнички права“ рече Костадиновска-Стојчевска.