ТЕРА

REKLAMA???

ПОВТОРНО НЕ ПОМИНАА ВЕЛОСИПЕДСКИТЕ ПАТЕКИ, КОИ ЌЕ СЕ ПРАВАТ СО ЕВРОПСКИ ПАРИ

На денешната седница на Советот на Општина Битола требаше да се гласа одлуката за Одлуката за измена на одлуката за согласност и кофинансирање на проектот Smart4you2, а средствата се предвидени за Реконструкција на постоечки тротоари со изградба на велосипедски патеки во должина од 5280 метри.

Бојкоски од владеачката партија рече дека очекува дека советниците ќе ја изгласаат оваа точка, бидејќи се работи за проект важен за Битола, особено за велосипедистите, а Илиевски од опозициската СДСМ кажа дека ќе побараат точката да биде тргната од дневен ред оти очекуават дополнителни објаснувања.

И така се случи, нивиот предлог за повлекување на точката беше поддржан од советниците од Поинаку и Левица.

Претходно градоначалникот објасни за што се работи.

„Со потпишувањето на анексот од страна на Делегацијата на Европската Унија, во кој се дозволува пренамена на средствата од проектот Smart4you2 за реконструкција на тротоарите на улиците „Васко Карангелевски“ и „Партизанска“, по што соодветно ќе се изведат и велосипедски патеки, Битола ќе добие велосипедски дел во должина од над 5 километри, со една заокружена велосипедска целина. Реконструкцијата ќе се изведе на веќе постоечките тротоари, во ширина од 3 метри, без да се нарушува зелениот појас на улиците. Напоменувам, зелениот појас на двете улици и постоечките дрвја, нема да бидат загрозени со овој проект, во насока на зачувување на животната средина. За овој проект веќе е изработена техничка документација, како и основен сообраќаен проект за воведување на велосипедски патеки во централно градско подрачје во Битола, со сите потребни одобренија. Да појаснам уште еднаш, дека до ова решение се дојде со целосна усогласеност на сите партнери во проектот, како и на Делегацијата на Европската Унија. Првичната намена беше реконструкцијата на објектот Парк, но поради инфлациите и состојбата со Ковид кризата, вредноста за реконструкција двојно се зголеми, што беше пречка за реализација на проектот и во рамките на ЕУ и кај општините партнери во проектот. Затоа се побараа соодветни решенија, кои беа понудени како замена за објектот Парк. Од наша страна беа предложени партерното уредување на Офицерскиот дом, кое веќе се реализира со општински средства, како и санацијата на постоечките тротоари на улиците Васко Карангелевски и Партизанска, со поставување на велосипедски патеки. Од страна на Делегацијата на ЕУ, беше избран проектот за санација на тротоарите и поставување на велосипедски патеки. За овој проект, службите во општина Битола стојат на располагање за секеков вид на објаснување“ рече Коњановски.