ТЕРА

REKLAMA???

ПОЛОВИНА ВЕК СОВРЕМЕНА КАРИКАТУРА НА БЛАЖЕ ДОКУЛЕ

Викендов во Офицерскиот дом беше отворена изложбата насловена „Половина век современа карикатура“ на познатиот карикатурист Блаже Докуле. На  изложбата ги претстави неговите 40-тина карикатури кои биле наградени на едни од најпрестижните меѓународни фестивали на сатира и карикатура.

„Ова е моја втора изложба во Битола, по повод 50 години од мојата кариера. Првата изложба ми беше во Охрид во Куќата на Робевци. Ова се исклучиво наградени карикатури на високите светски фестивали. Овде се дел од наградените карикатури. Прв пат во мојата кариера изложувам околу 40 карикатури“, рече Докуле.

Роден е 1953 , дипломирал право во Битола. 25 години работи како слободен уметник од 1971-1996 кога се вработува. Карикатури црта од 1971 година како припадник на третата генерација која се појавува околу седумдесетиите години во редакцијата „Остен“ која носи силен бран на освежување во македонската карикатура па и пошироко. Го прашавме каде е денес карикатурата во општеството.

„Во Македонија моментално карикатурата е во многу голема криза . Јас сум претставник на третата генерација карикатуристи, и после третата генерација нема четврта. Без разлика на тоа Битола гледам има многу талентирани карикатуристи кои работат сега на анимација, комјутерска дигитализација. Им велам да работат на картикатурата, но некако повеќе им се исплати“, изјави Докуле.

Изложбата ја отвори проф.д-р Александар Стерјовски, на кого Докуле му подари карикатура. Блаже Докуле има свој препознатлив изграден стил кој се појавува во повеќе форми како класичен цртеж, како стилизиран „кроки“ и како чист „кроки“ и ги користи сите техники при својата работа како што се: туш, пастел, акварел, темпера, моливи во боја и други техники при што постигнува силен колорит во делата.

Тематската определба му опфаќа палета од многу теми како новинарска карикатура, портретна, стрип карикатура со обработка на животни настани од политика, спорт еротика и др. По повод 5 дециниското творештво како подарок од неговиот син Гаврил кој живее и работи во Австралија, Докуле доби анимација на неговиот стрип-јунак Чкембо.

Во текот на 50 години творештво, работел за над 40 списанија, весници и магазини, а негови карикатури се објавувани насекаде низ светот.

Изложбата беше поддржана од Општина Битола.